Hotel Cingo

Хотел Чинго ***

Хотелот ЧИНГО е модерен и атрактивен хотел со пристапни цени, лоциран во центарот на Охрид. Сместен на 500 метри од Охридското Езеро и 150 метри од центарот на Охрид, хотелот Чинго нуди 24/7 достапност за гостите.
Појадок се служи секој ден. Лоби барот е исто така на располагање на гостите. Супермаркет има на оддалеченост од 10 m, а главниот пазар со зеленчук и овошје е на 20 m.
Приемот на гости е 24 часа на ден, но чекирањето е од 14 часот а одјавувањето најкасно до 12 часот. 
Располага со 34 двокреветни соби (double/twin), трокреветни (triple), како и два типа на апартмани. Сите апартмани се опремени со кабелска ТВ, клима уред, мини бар, директна телефонска линија, интернет конекција (Wi-Fi), фрижидер и сопствена бања со туш.Ентериерот е во современа уметничка изведба. Хотелот ЧИНГО Ви нуди сервис за перење и пеглање на облека и располага со сопствен паркинг, обезбеден со безбедносни уреди за надгледување. Во хотелот се наоѓа бар како и ВИП соба за состаноци.
Ресторанот е со капацитет од 120 лица и е климатизиран. Појадокот се служи на шведска маса.

 

Цени за Јуни, Јули, Август 2020

Цени за 1/2 соба цени за 1,2,3 ноќи цени за повеќе од 3 ноќи
Ноќевање 25 ЕУР 25 ЕУР
Ноќевање со појадок 35 ЕУР 30 ЕУР 
Полупансион 45 ЕУР 40 ЕУР

СО ВАУЧЕР ЗА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ 
 
  • Доплата за трет возрасен во трокреветна соба 10 ЕУР
  • Деца 0-7 години - гратис
  • 7-12 години - 50%

 

НАПОМЕНИ:
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2