Hotel Aura ****

Хотел Аура

Хотел „Аура“ за незаборавно опуштање покрај Охридското Езеро. Сместен на самиот брег на Охридското езеро, во непосредна близина на Охрид, со впечатлива глетка на езерската шир која плени, поранешниот хотел „Бетон“, кој сега се ребрендира во хотел „Аура“ нуди можнот за креирање незаборавни спомени. Во непосредна близина на градот, а сепак притаен меѓу Галичица и Охридското езеро, како да ги спојува планината и крајбрежјето, опкружен со сопствен парк од прекрасно зеленило и дрвја, чии сенки нудат мир и спокојство.Со своите 74 високо-модерно опремени соби и апартмани, со врвната услуга и специјалитети, со сопствената плажа со бар, летна тераса со магичен поглед , „Аура“ не остава ниеден гостин да си замине рамнодушен, крунисувајќи ја целата приказна со прекрасни сеќавања кои будат постојана желба за уште едно несекојдневно искуство покрај Охридското Езеро.

 

Период 15.04.2020 - 15.09.2020
Двокреветна соба со поглед на езеро                            
Ноќевање со појадок 25 
Полу пансион 33 
Полн пансион  41 
Двокреветна соба со поглед на планина
Ноќевање со појадок 23 
Полу пансион 31 
Полн пансион  39 

 

Период 15.09.2020 - 31.12.2020                                    
Двокреветна соба со поглед на езеро
Ноќевање со појадок 21 
Полу пансион 29 
Полн пансион  37 
Двокреветна соба со поглед на планина
Ноќевање со појадок 31 
Полу пансион 39 
Полн пансион 47 

 **Цените се однесуваат по ЛИЦЕ од ден

 

- За деца до 5 години е бесплатно само за услуга ноќевање со појадок
- За деца од 6 до 12 години се наплаќа 50%
- Трето лице во сова (дополнителен кревет) - 30% попуст од цената за ноќевање со појадок
- Еднокреветна соба +30%
- Дополнителен оброк за возрасни 490 ден.