Истанбул со Бурса – Нова Година 2020

Истанбул со Бурса – Нова Година 2020
29.12.2019 –02.01.2020 / 5  дена / 3 ноќевања

5 дена / 3 ноќевања со појадок + превоз + разглед на Истанбул со водич + шопинг во Едрене

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД: СКОПЈЕ, ВЕЛЕС, ШТИП, КОЧАНИ, ВИНИЦА, КАМЕНИЦА И ДЕЛЧЕВО

1 ден Сабота 28.12.2019: Поаѓање во попладневните часови од пред туристичката агенција Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  Недела 29.12.2019: Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар “Султанахмет”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Факлутативна посета на Топкапи палатата, кој е срцето на градот Истанбул. Факлутативна посета на Аја Софија. Слободно време за индивидуална прошетка. Ноќевање.

3 ден Понеделник 30.12.2019: Појадок од 07:00 до 08:30. Слободно време или факултативна посета на градот Бурса со локален туристички водич. Бурса е 4-ти град во Турција по големина со над 2 милиони население. Се наоѓа во северозападна Турција, лежејќи во подножјето од околу 2.500 метри висорамнини – Улудаг во близина на Мраморно Море. Бурса важи за еден од најевтините градови во Турција кој е неверојатен за шопинг на облека, завеси, предмети во домаќинството, накит, обувки итн.. по неверојатно ниски цени. Разглед на градот со локален водич. Факлутативна можност за користење на жичарница која важи за една од најдолгите во светот од 9km. Жичарницата ве носи на надморска висина од 2543м, каде што доживувањата, фотографиите, природата и панорамата на градот е вистинска атракција за сите туристи од светот. Слободно време во центарот на градот за прошетка, шопинг, ручек, кафе.. Враќање во вечерните часови во Истанбул. Ноќевање.

4 ден Вторник 31.12.2019: Појадок од 07:00 до 08:30. Во 09:00 започува програмата. Слободно време или факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината „Румелија Хисар“, да ги фотографирате прекрасната палата „Долмабахче“, дворецот „Јилдиз“, дворецот „Чифте Сарај“. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии. Факултативна  посета на палата „Долмабахче“ кој е еден од најраскошните двореци во светот. Дворецот е скапоценото богатство на Република Турција. Долмабахче е 4 дена во неделата дом за претседателот на Р. Турција – Ердоган. По договорено време продолжуваме со посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање. Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција – Таксим и улицата Истиклал која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно каде ќе ја дочекаме Новата Година. Враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден среда 01.01.2020: Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија. Посета најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Слободно време за шопинг во елитниот шопинг центар Florya, кој содржи продавници за секаква категорија на купувачи. Шопинг центарот се наоѓа на неверојтана локација покрај морето со над 30 ресторанти и кафулиња, каде што на секоја голтка кафе минува по еден авион на аердоромот Ататурк. Се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2019
Цена на аранжманот: 109€ / 6760 денари

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус
- Три ноќевања со појадок во хотел 3*
- Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
- Разглед на Хиподромот
- Разглед на Сината џамија
- Придружник од агенцијата

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
- Крстарење по Босфор – 15еур
- Топкапи палата – 15еур
- Посета на градот Бурса со локален водич (целодневна) – 30еур
- Таксим и Галата кула – 10еур
- Облакодер Сафир и 4D симулација – 20еур
- Најголемиот аквариум во Европа – 20еур
- Посета на Аја Софија – 15еур
- Палатата Долмабахче – 20еур

Пакет факлутативи: 130еур

Патничко осигурување – 200 денари

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот:
- ТА САФАРИ го задржува правото на: во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето.
- Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи, за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „ТА САФАРИ“ и на самата агенција.
- Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.