Истанбул 2 - Нова Година 2022

                                                                                     ИСТАНБУЛ
                                                                                                                   3 ноќевања 

Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул, сеедно е кое име ќе го изустиме a во исто време да не помислиме на еден град, на единствениот град метропола која спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Тоа е град кој како ретко кој друг претставува дом на многу култури, центар на многу империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат голем број на историски знаменитости од типот на џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Токму тие градби денес се одлика на еден начин на живеење во минатото но и денес и кои го привлекуваат вниманието на големиот број посетители од најразлични побуди.

Одбери го токму овој град за да твојата 2022 година започне НЕВЕРОЈАТНО! 
Цена: 105 еур / 6510 ден (за уплата до 20.11.2021)
Редовна цена на аранжманот: 115 еур / 7130 ден

ПРОГРАМА:
1 ден: 30.12.2021 (четврток)

Поаѓање во попладневните часови (организирани трансфер од Скопје, Велес, Кочани, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: 31.12.2021 (петок)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со пешачка прошетка до историскиот центар Султанахмет Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња..Можност за посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква. Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј. Моментално Аја Софија е џамија и има слободен влез за туристи. Во неа туристите влегуваат целосно покриени како што предлага и самиот Ислам. Можност за посета и на првиот дворец на Топкапи кој е бесплатен, а во договор со придружникот можност за влез и во останатите дворци од Топкапи со платена предвеме влезница. Попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 3000 продавници. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Навечер организиран дочек на Нова Година.
Oпција 1 – Дочек на брод на Босфор– со неограничени храна и пијалоци. Богата програма од фолклорни ансамбли, танчери, диско програма. Неверојатно доживување кое засекогаш се памети.
Опција 2 –  дочек на плоштадот Таксим- местото каде што се одвиваат сите случувања во градот.
Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден  01.12.2021 (сабота)
СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА

Појадок од 07.00 до 08.30. Во 09.00 започнува програмата со факултативно крстарење по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај од страна на Босфорот. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии. . Факултативна посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Долмабахче палатата во Истанбул – прекрасен комплекс, кој е украсен со прекрасен Босфорот. Овој одличен пример на структурата на целиот свој изглед покажува туристи треба да изгледа како палата. Се што е во и околу објектот е елегантен и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузни и Европската богатство.Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Продолжуваме со посета на Облакодерот Sapphire – Тој беше највисокиот облакодер во Истанбул и Турција помеѓу 2010 и 2016 година и 4-та највисока зграда во Европа.Sapphire се издига 54 ката над нивото на земјата и има надземен покрив од 238 метри: зградата има вкупна структурна висина од 261 метар вклучувајќи го и нејзиниот шпиц, кој е дел од дизајнот, а не радио антена.Тоа е и првиот еколошки облакодер во земјата.Нуди неверојтана атракција – симулација на лет  над градот – 4D.возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Moминската Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул. Враќање во хотел.Слободно време за одмор. Навечер посета на Venezia Mega Outlet. Ноќевање.

4-ти ден: 02.12.2021 (недела)
ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ
Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, ридот Чамлица, шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други.. Слободно време за шопинг.Враќање во хотелот. Ноќевање.

5-ти ден: 03.12.2021 (понеделник)
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија
  • Туристичка прошетка со локален водич
  • Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет
  • Разглед на Аја Софија
  • Разглед на Сината џамија
  • Посета на првиот дворец Топкапи
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на првиот дворец во Долмабахче
  • Посета на шопинг центар Sapphire
  • Посета на шопинг центар Florya
  • Придружник на патувањето

  • ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
    • Таксим плоштад – 10 еур (трансфер)
    • Крстарење по Босфор со водич – 20 еур
    • Долмабахче дворец – 25 еур
    • Облакодер Sapphire – 20 еур
    • Шопинг ценаr Venezia Mega Outlet – 5 еур (трансфер)
    • Целодневен пакет – Азија (Ускудар, Watergarden, Emaar) – 30 еур 
    • Аквариум Florya + шопинг центар Florya – 20 еур
    • Новогодишна вечера на брод по Босфор /
  • Пакет 7 факлутативи – 120 еур (без новогодишна вечера на брод)
    Патничко осигурување – 200 денари (без фрашиза)
    Придржување на мерките за Covid-19 ќе бидат во целост запазени.
    Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
    • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
    • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
    • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
    • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
    • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
    • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
    • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
    • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
    • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
    • Со оваа програма важат Општите услови на  ТА САФАРИ и СКТМ.