БУДВА

БУДВА -ДУБРОВНИК - КОТОР

 (30.12.2019 – 03.01.2020)

1 ден: 30.12.2019 (понеделник) Штип / Скопје
Поаѓање за Будва од Штип во 21:00часот, паркингот кај Новата Пошта / Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.
 

2 ден: 31.12.2019(вторник) Св.Стефан - Будва 
Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и новогодишен концерт со Здравко Чолич. Ноќевање.


3 ден: 01.01.2020 (среда) Будва - Дубровник-Будва
Појадок, По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија...Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава  и реприза на новогодишната ноќ  пред платото на Стариот град во Будва со богата музичка програма и концерт со Светлана Цеца Ражњатович. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2020 (четврток) Будва - Котор- Скопје/Штип
Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.  Поаѓање за Македонија со попатни одмори. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден: 03.01.2020 (петок) Скопје/Штип                                                                                                                                                            Пристигнување во Македонија во раните утрински часови. 


ЦЕНА: 89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување
ЦЕНА: 65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

 

Во цената се пресметани следните услуги:
Превоз со туристички автобус на дадената релација
Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок
Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
Посета на Св.Стефан;                                                                                                                                                                                              Гратис полудневен излет до Котор
Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:
Целодневен излет до Дубровник (10 евра);
Влезници за посети;
патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад;
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ.