Атина

AТИНА
5 дена/ 2 ноќи
/ автобус 

1  ден 29.12.2019 ( недела )  Скопје / Штип

Поаѓање за Грција во 19.00 часот од Скопје, паркингот пред  хотел Вип во 20.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта. Патот води преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2019 ( понеделник ) Атина

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Слободно време или факултативен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол и новиот Акрополски музеј.  Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 31.12.2019( вторник)  Атина-Пелопонез-Атина 

Појадок. Целодневен факултативен излет до Пелопонез - разглед  со локален водич: Посета на Микена - древниот град на митскиот крал Агамемнон. По посетата продолжуваме кон Епидаурус - најакустичниот антички амфитеатар. Посета на гратчето Нафплион - некогашната престолнина на Грција, Враќање во Атина со попатна посета на Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Враќање во Атина во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2020 на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

 4 ден 01.01.2020 ( среда )  Атина-Монастираки -  Пиреја

Појадок. Напуштање на хотелот.  Слободно време за посета на стариот дел на градот – Монастираки – уживање во Новогодишната атмосфера. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Пиреја - најголемото пристаниште на Балканот и нејзините Марини. Слободно време за индивидуални активности. Во пладневните часови поаѓање  за Македонија.

5 ден 02.01.2020 ( четврок ) Штип/ Скопје

Пристигнување во Штип/ Скопје  во претпладневните часови.

ЦЕНА: 6.390,оо денари

                            

Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со  туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3 * во Атина
- Водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- разглед на Атина со локален водич – 10 €  ( минимум 35 лица- пријавување при резервација на аранжманот)
- факултативен излет до Пелопонез- 25 € (превоз+разглед на градот со локален водич)
- влезници за театарот во Епидариус и  Микена – се плаќаат при влезот( минимум 35 лица-пријавување при резервација на aранжманот)
- туристичка такса -100 денари (задолжителна доплата во агенцијата)
- патничко осигурување -200 денари (задолжително)
- влезници за културно-историските споменици

  • Агенцијата организира превоз  до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

Општи напомени :
- ТА Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Рок на пријавување до 20.12.2019
- За реализација на аранжманот  потребен е  минимум од 45 патници за автобус!
- Важат општите услови за патување на СКТМ