Хотел Империал - Неа Скиони

Хотел Империал - Неа Скиони

Хотелот Империал се наоѓа во центарот на Неа Скиони, во непосредна близна на познатата плажа Nea Skioni Beach.
Собите имаат засебна тераса и бесплатен интернет пристап (Wi-Fi). Во секоја соба има клима уред и телевизор.
Хотелот има 24 часовна рецепција,ресторан,базен кој е отворен во текот на летната сезона и е достапен за гостите од хотелот.

Детален опис на собите:
Двокреветни соби со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет, плус фотелја и на барање постои можност за уште 1 фотелја.

 

Цена по лице по ден на база на HB појадок+вечера без превоз

Терммин  
Соба HB 48 €

 

Во цената е вклучено:
- Ноќевање на база на HB појадок+вечера

Попусти:
- прво дете до 11,99 години сместувањето му е бесплатно 
- второ дете плаќа 20 € од ден на база HB појадок+вечера
- лица над 12 години плаќаат 30 € од ден на база HB појадок+вечера

Превоз (повратно):
-  Превоз секоја недела цена 50 € 

Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување
- туристичка такса се плаќа директно во хотелот

Напомени:                                                                                                                                       

- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
- Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- важат општите услови за патување на ТА Сафари
- агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2