Complex Korab Trnica

Комплекс КОРАБ ТРНИЦА - Маврово

Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.

Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во  апартмани, соби  и планински куќички  со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра


 

 

цена на сместување по соба

капацитет

Тип на сместување

недела-четврток

петок-сабота

бр. на лица

двокреветна соба

1700

2100

2

апартман

2200

2800

4

вип апартман

2800

3500

4

трокреветна соба

2000

2500

3

голем апартман

3500

4200

8

планинска куќичка

1400

1600

2


СО ВАУЧЕР ЗА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ 
 


*Цените се по тип на сместување, со вкучена туристичка такса.
За планинските куќички за викенд потребно е резервација од минимум 2 ноќевања

Дополнителни услуги:
Појадок – 200 денари по лице
Ручек / Вечера - 450 ден по лице

За деца до 8 години сите оброци се бесплатни
За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст 

За своите гости комплексот нуди бесплатно користење на велосипеди и риболовна опрема. Располага и со сопствени коњи и се организираат тури за јавање за почетници. Во комплексот има пешачки патеки и игралиште за деца.
Во ресторанот на комплексот Кораб Трница можете да ги пробате највкусните традиционални специјалитети како: надалеку познатиот качамак со кисело млеко, ѓомлезе, реканските пити, трничка тава...