Vila Mythos

Vila Mythos

Комплетно нов објект со капацитет од 20-тина соби распоредени на 3 нивоа: приземје, прв и втор спрат. Секоја од собите е модерно уредена, со сопствена мини кујна со основен прибор, телевизор со рамен екран, клима уред, тераса и купатило. Вила Митос на своите гости исто така им нуди и бесплатен безжичен интернет. Објектот се наоѓа во мирниот дел, на околу стотина метри оддалеченост од познатото и живо шеталиште во идиличното место Калитеа, на првиот крак од полуостровот Халкидики - Касандра. Шармантната и секогаш жива Калитеа исто така е позната по своите прекрасни плажи со бел песок и кристално бистра вода со тиркизна боја, кои се оддалечени на околу петстотина метри од вилата. (Користењето на клима уредот се наплаќа на лице место)
Вид на соби:
- студио двокреветно, трокреветно и четворокреветно: 2, 3 или 4 кревети во иста просторија со кујна
- апартман со 1 спална: две простории со по 2-3 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)
- апартман со 2 спални: три простории со по 2 кревети (кујната е во склоп на едната просторија)

Пакет цени

цени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин     15.09    
Студио (мин. 2 лица) 79 € 
  69 €
Студио (4 лица) 57 € 
  47 €
Апартман 1 спална (мин. 4 лица) 59 € 
  49 €
Апартман 2 спални (мин. 4 лица) 64 € 
  54 €

Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања во студио по лице (мин. 2 лица во студио / мин. 4 лица во апартман)
- повратен превоз

Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување
- туристичка такса 0,5 € по соба од ден 

Попусти:
- деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
- деца од 2 до 6 години: само превоз 25 €
- деца од 6 до 14 години: 70% попуст (мин. 35 €)
- трето лице во двокреветна соба и петто/шесто лице во апартман (1спална) /апартман (2 спални): 50% попуст (мин. 35 €)
- преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Само превоз (повратно):
- деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
- деца од 2 до 12 години: 25 € 
- возрасни: 35 € 

Автобуски превоз - време и место на поаѓање: 
04:30 Кочани - автобуска станица 
05:00 Скопје - пред агенцијата 
05:00 Штип - пред новата пошта 
05:45 Велес - бензиска станица на автопатот Е75 - мотел Македонија 
06:00 Струмица - спроти Хотел Глигоров 
06:15 Неготино - бензиска станица на автопатот Е75 
06:30 Валандово - бензиска станица на излез од градот кон Гевгелија 
07:00 Граничен премин Богородица - бензиска станица пред преминот 

 

Наем на студио

цени за цела соба за 7 ноќевања без превоз

Термини     15.09    
1/2 Студио 128 €
  108 €
1/3 Студио 138 €
  118 €
1/4 Студио 148 €
  128 €
Апартман 1 спална 178 €
  138 €
Апартман 2 спални 198 € 
  158 €


Во цената е вклучено:

- наем на студио/апартман за 7 ноќи
- преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Напомени:                                                                                                                                                                                                                          -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.                                                                                                                    - Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- важат општите услови за патување на ТА Сафари
- агенцијата поседува А лиценца со регистерски број 13-5233/2