Истанбул со Бурса и Принцески Острови

Истанбул со Бурса и Принцески Острови – Велигден

Термин: 16-20.04.2020

Рана уплата до 01.03.2020: 6140 денари / 99€

 

1 ден 16.04. (четврток): Кочани - Истанбул

Поаѓање во попладневните часови од пред туристичката агенција Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 17.04. (петок): Истанбул

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Ќе направиме групна фотографија под Босфорот кај кој се открива прекрасна позадина. По прошетката во паркот се враќаме на стариот дел на Истанбул (Европскиот) и продолжуваме со 90 мин. факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар, да ги фотографирате прекрасна тапалата Долмабахче, Сарај, дворецот Јилдиз, дворецот Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува кон азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии.

Продолжуваме со разглед на хиподромот, на плоштадот Султанахмет. Посета на Сината џамија – единствена со шест минариња. Слободни активности за индивидуална прошетка од центарот Султанхмет до хотелот со попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 300 продавници. Цените во Капали чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна турска традиционална вечера со целосно мени, 4 часа забава од турски танчери и танчерки, фолклорни ансамбли, соло изведувачи и многу изненадувања. Ноќевање.

3 ден 18.04. (сабота): Истанбул – Принцески Острови – Истанбул

Појадок. Факултативна посета на Принциските Острови со траект. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите. Пловидбата трае околу 1:45 час. Ова претставува архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица… Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот можат да се изнајми кочија за прошетка, а цената на кочијата (со времетраење од 45 мин.) – 30 турски лири, (околу 300 денари), цената на кочијата со времетраење (70 мин.) – 40 турски лири (околу 400 денари). Прекрасните рибни ресторани покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање во хотелот. Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција - Таксим и улицата Истиклал која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата Кула, шопинг во многубројните продавници или пак кафе и чај во некој од рестораните или кафулињата... Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден 19.04. (недела): Истанбул – Бурса – Истанбул

Појадок. Од 07:00 до 08:30. Слободно време или факултативна посета на градот Бурса со локален туристички водич. Бурса е четврти град во Турција по големина со над 2 милиони население. Се наоѓа во северозападна Турција, лежејќи во подножјето од околу 2.500 метри висорамнини - Улудаг во близина на Мраморно Море. Бурса важи за еден од најевтините градови во Турција кој е неверојатен за шопинг на облека, завеси, предмети во домаќинството, накит, обувки и тн. по неверојатно ниски цени. Факлутативна можност за користење на жичарница која важи за една од најдолгите во светот од 9km. Жичарницата ве носи на надморска висина од 2543м, каде што доживувањата, фотографиите, природата и панорамата на градот е вистинска атракција за сите туристи од светот. Слободно време во центарот на градот за прошетка, шопинг, ручек, кафе... Враќање во вечерните часови во Истанбул. Ноќевање

5 ден 20.04. (понеделник): Истанбул – Кочани

Појадок. По појадокот се тргнува кон Македонија. Посета и шопинг на облакодерот Сафир – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште каде се протега неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатна авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симнулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со филџан мирисно турско кафе меѓу облаците на Истанбул. Слободно време за фотографирање. Враќање во хотелот и слободно време за индивидуални активности. Следи посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Слободно време за шопинг во елитниот шопинг центар Florya, кој содржи продавници за секаква категорија на купувачи. Шопинг центарот се наоѓа на неверојтна локација покрај морето со над 30 ресторани и кафулиња, каде што на секоја голтка кафе минува по еден авион на аердоромот Ататурк. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet – Margi, еден од најевтините во Европа. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус
- Три ноќевања со појадок во хотел 3*
- Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
- Посета на Оutlet во Едрине|
- Разглед на Хиподромот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
- Крстарење по Босфор – 15 €
- Турска традиционална вечера – 25 €
- Посета на градот Бурса со локален водич – 30 €
- Принцески осторви – 15 €
- Таксим – 10 €
- Облакодер Сафир и 4D симулација – 20 €
- Најголемиот аквариум во Европа – 20 €

Пакет факлутативи: 120 € (гратис крстарење по Босфор)
- Патничко осигурување – 150 денари
- Цена по рана уплата: 99 € / 6140 денари
- Редовна цена: 109 € / 6760 денари

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Со оваа програма важат Општите услови на TA САФАРИ.