САНТОРИНИ

Термин : 09 Октомври

1 ДЕН09.10.2019 Струмица - Скопје - ПИРЕА
 Состанок на групата на пред договореното време и место. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН 10.10.2019  ПИРЕА - САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација и уплата на факултативните излети. Слободно време. . Ноќевање.

3 ДЕН 11.10.2019  САНТОРИНИ
 Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. . Ноќевање.

4 ДЕН 12.10.2019  САНТОРИНИ
Појадок
. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио... Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

5 ДЕН13.10.2019  САНТОРИНИ – ПИРЕА – СТРУМИЦА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Струмица - Скопје во утринските часови наредниот ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 07.09:175 € / 10.850 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:195 € / 12.090 денари

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје
- Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа 
- Трансфер пристаниште – хотел - пристаниште
- 3 ноќевања со појадок  во хотел со 2*/3* во Камари / Периса
- Организација и придружник на патувањето 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Факултатувни излети и програми
- Full day Santorini– 35 € (превоз + водич)- Влезница на вулканот 2,5 евра
- Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич)-35€
- Жичара или магаре до Фира – 6 €
- Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј( превоз+влезница за винарија+водич) – 16 €
- Грчка вечера со музика- Кабина на брод 6.200 денари
- Авионско седиште на брод 4.000 денари
- Еднокреветна соба 2.000 денари
- Задолжително патничко осигурување 210 денари
- Туристичка такса ( 4.5 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.