Голубац и Манастир Труман-Велигден и 1 Мај

ВЕЛИГДЕН И 1 МАЈ – ГОЛУБАЦ И МАНАСТИР ТУМАН

ЦЕНА: 3100 ДЕН.

01.05.2021 (Сабота)

Состанок на групата по договорено време Тргнување за Србија во 00.30 часот од Koчани. Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Костолацво утринските часови.
Програмата започнува со посета на Археолошкото пронаоѓалиште ВИМНАЦИЈУМ –Римски воен логор и град кој настанал од I – Vll век, и истиот важел за најзначајните логори на Дунав и истиот се протегал од Србија – Македонија – Бугарија.
Продолжуваме со посета на манастирот НИМНИК исто така познат како Маријански манастир, е манастир на Српската православна црква, кој припаѓа на епархијата Бранишево. Манастирот со црквата посветена на Преносот на моштите на Свети Никола од Мира е претставен како целина недвижен културен имот како споменик на културата.

Следна посета е РАМСКА ТВРДИНА истата е изградена на остатоци од антички и византиски темели. Турскиот султан Бајазит ll 1491 год. Поради воените офанзиви во Панонија ја гради во одбрана тврдината (ихрам) по што и го добила името  РАМ, а во темелите на тврдината е пронајдена православна црква каде подоцна е ѕидана џамија.

Се упатуваме кон хотелот.Сместување. Слободно време за одмор, вечера… Ноќевање.

02.05.2021 (Недела)

 

Појадок. По појадокот се упатуваме кон МАНАСТИРОТ ТУМАН – се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината Голубац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, ​​јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план.

Името на манастирот е поврзано со легендата, во која се кажува дека Милош Обилиќ ловел во густите шуми околу манастирот и дека ненамерно го ранил пустиникот Свети Зосим во лов. Носејќи го подвижникот до неговиот двор за да се обиде да му го спаси животот и да ја открие раната, на местото каде што сега се наоѓа манастирот, светителот молел да се спушти и му викал на Милош: „Ту мани“, што во превод би значело „Таму, пушти ме да умрам. За да го искупи својот грев, Милош започнал да гради манастир, но наскоро пристигнува порака од Светиот кнез Лазар да престане со изградбата на светилиштето со зборовите „Ту мани“, и да дојде на Косово. Така останува името Тумане. Манастирот Тумане за прв пат се споменува во пописот од 16 век, каде што е утврдена локацијата на манастирот во близина на селото Туман.

Слободно време во манастирот во договор со придружникот.
Препорачуваме факултативна посета на ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Српското царство. Кулите во времето на Османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна.
По разгледот се упатуваме кон факултативно крастарење по СРЕБРЕНО ЕЗЕРО.
Слободно време за одмор.. Се упатуваме кон Македонија со попатни паузи.. Пристигнување во вечерните часови.

 

 

Во цената е вклучено:
-Превоз со туристички автобус
-1 ноќевање со појадок во Хотел Golubacki grad – линк: https://hotelgolubacki.co.rs/
– Посета на манастир НИМНИК
-Посета на манастир ТУМАН
-Придружник од агенцијата

Во цената не е вклучено:
-Крастарење по Сребрено езеро – 15 eur (пријавување во агенција)
-Влез во Голубачка Тврдина – 5 eur (пријавување во агенција)
-Влез во Виминацијум – (билет на влез )
-Влез во Рамска тврдина – (билет на влез)
– Патничко осигурување – 100 ден

Може да се патува и само со лична карта и НЕ е потребен PCR тест.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ: 

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници .
  • Т.а. Сафари го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • – Доколку дојде до одредени промени, односно затворање на Граници, рестрикции поради COVID или слично, агенцијата во целост ги рефундира уплатените средства на патниците.
  • – Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 30 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Сафари и на самата агенција.
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Со оваа програма важат Општите услови на ТА Сафари и СКТМ.