БУДИМПЕШТА Chrismtas Market 2022

   БУДИМПЕШТА – CHRISTMAS MARKET

 

Автобус 4 дена / 2 ноќевања

08 Декември Среда                                  СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата спроти хотелот „Холидеј ин“ во 17:30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18:00 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

09 Декември / Четврток                            БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Ваци, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Во вечерните часови посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот...можност за шопинг, уживање во домашно греано вино, домашни специјалитети или посета на Gerbeaud најстарата слаткарница во Централна Европа. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав под прекрасните мостови. Ноќевање.

 

10 Декември Петок                                 БУДИМПЕШТА - ВИЕНА - БУДИМПЕШТА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на Виена: панорамско разгледување на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата „Вотив“, зимскиот дворец Хофбург. Слободно време. Враќање во Будимпешта. Вечерта, факултативно, вечера во традиционална унгарска чарда со богата храна и музичка програма и танци. Ноќевање.

 

11 Декември Сабота                               БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и посета на Божиќниот базар. Посета на шопинг центар - Арена Плаза. Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во раните утрински часови.

 

За уплати до 17 Ноември: 119 € (7.380,00 денари)

Редовна цена: 139 € (8.620,00 денари)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10 евра
  • Вечера во ресторан – чарда 30 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 20 евра
  • Посета на Виена 35 евра (минимум 30 патници)
  • Посета на Сент Андреа 10 евра
  • Доплата за 1/1 соба
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба

 

Covid 19 - услови за влез во Р. Унгарија и Австрија:

  • Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Унгарија
  • Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Унгарија
  • GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители: Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca и Sinopharm)
  • СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Р.Унгарија)

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

За овој програм важат Општите услови на патување на  ТА Сафари и СКТМ

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

Патничко и здравствено осигурување:

Магелан препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза).

Општи напомени за патување:

Т.А.Сафари го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето