БУДВА-Нова Година-2022

БУДВА - ДУБРОВНИК - КОТОР

1 ден  30.12.2021 (четврток) Штип/ Скопје

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот, Штип 21.00 часот пред Нова Пошта со туристички автобус.  Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 19.30 часот;  Штип 21.00 часот; Куманово 22.00 часот). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден 31.12.2021 (петок) Св. Стефан-Будва

Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2020 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма и новогодишен концерт. Ноќевање.

3 ден 01.01.2022 (сабота) Будва-Котор- Тиват-Будва

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне враќање во Будва.  Вечерта реприза на новогодишната ноќ во Стариот град.  Ноќевање.

4 ден 02.01.2022 (недела)  Будва- Манастир Св. Василје Острошки- Скопје/Штип

Појадок. После појадокот заминување на излет до манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград  (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување.  Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

Цена:  89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување

           69 евра (4.250 денари) за приватно сместување

Во      Цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Туристичката такса
  • Посета на Св.Стефан;
  • Излет со манастирост Св. Василије Остошки
  • Организација и пратител на патувањето

Во       Цената не се пресметани следните услуги:

  • Целодневен излет до Котор, Тиват , Порто Монтенегро ; – 5 евра
  • Туристичка такса за Острошки манастир  (1 евро);
  • Локален трансфер до Острошки манастир со комбе (1-2 евра);
  • Влезници за посети;
  • патничко осигурување

Општи напомени :

  • ТА  Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Се патува со лична карта или пасош не постар пд 3 месеци од денот на враќање.

КОВИД-19 УСЛОВИ за патување:

- Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против новиот корона вирус пред влез во Црна Гора, која е издадена од овластена здравствена установа;

- Негативен резултат од PCR тест на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа;

- Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето;

- Негативен резултат на брз антигенски тест на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.

Covid 19 – Услови

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

-  Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза;
- Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или
- Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.

За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

 

Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 евро = 62 ден


 

Рок на пријавување до 20.12.2021

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници!

1Важат општите услови за патување на Т.А.Сафари и СКТМ