БУКУРЕШТ Нова Година 2022

БУКУРЕШТ

                  Синаја - Бран - Брашов - Снагов

              4 дена/ 2 ноќи / автобус

1 ден  30.12.2021 ( четврток)   Штип/Скопје - Букурешт

Поаѓање за Букурешт во во 13:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 15.00 часот од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и  царински формалности .

2 ден 31.12.2021 ( петок)  Букурешт

Пристигнување  Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј ... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки . Вечерта можност за дочек на Новата 2022 година на некои од плоштадите во градот . Ноќевање.

3 ден  01.01.2022 (сабота ) Букурешт – Синаја – Бран – Брашов

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на Синаја, Бран и Брашов. Попатна посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Самиот замок ќе биде затворен за посетители и ќе има можност да се види однадвор. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој

се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови..Ноќевање.

4 ден  02.01.2022 ( недела ) Букурешт –Снагов – Скопје / Штип

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје / Штип следниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА : 109,00 евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевање со појадок во хотел  3* во Букурешт
  • разглед на Букурешт со локален туристички водич
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник

  Во цената на аранжманот не  е вклучено:

  • целодневен излет до Кралскиот дводец Пелеш , Дворецот Бран и Брашов (вклучено превоз) - 25 €  

           (пријавување при резервација на аранжманот , минимум 35 лица за реализација)

  • влезница за посета на културно историски споменици
  • патничко осигурување – 200 денари (задолжително)

 

  • Агенцијата организира превоз  до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

 

Општи напомени :

  • Патувањето ќе се одвива според пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување  е потребно Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) лица кои биле потврдени позитивни на инфекцијата со вирусот SARS-CoV-2 во последните 180 дена пред влегување во Романија, за кои поминале најмалку 14 дена од датумот на потврда до датумот на влез
  • ТА Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 евро = 62 ден

Рок на пријавување до 20.12.2021

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници!

Важат општите услови за патување на Т.А. Сафари и СКТМ