Хотел Молика

Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината. Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки. Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2. Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.
Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.
Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер. Располага со 57 соби од кои : три апартмани, три трокреветни соби и останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај. Покрај тоа во склоп на хотелот работи и : ресторанска сала со капацитет од 170 седишта, две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници, банкет сала со 15 – 20 седишта, како и летна тераса со 80 седишта

Пакети  11 – ти Октомври :
*Дводневен аранжман - полн пансион по цена од 2920 ден.
*Тродневен аранжман - полн пансион по цена од 4.230 ден.

 

- Активен планински одмор, спортување и рекреација во прекрасната моликова шума на Пелистер
- Користење на пешачките, алпинистичките и велосипедските патеки во туристичко – рекреативната зона на Националниот парк Пелистер

Дополнителни информации и услови за сместување во хотелот Молика:
- Цените се однесуваат за едно лице.
- Во цената на услугите е пресметана дневна туристичка такса и ДДВ.

Попусти:
- Деца до 5 год. кои не користат услуги за сместување и храна, попуст 100%.
- Деца од 5-12 год. кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување, попуст 30% на понудената цена.
- Деца од 5-12 год. кои користат само ресторантски услуги, попуст од 50%.
- Деца од 5-12 год. кои користат само помошни услуги за сместување, попуст од 70%

Ценовник за индивидуални посети во двокреветни соби- 2020/21 год.

Период Септември
Октомври
Ноември
Декември
Јануари
Февруари
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Ноќевање со доручек (BB) 1050 ден. 1100 ден. 860 ден. 1050 ден. 1170 ден.
Полуоансион (HB) 1280 ден. 1470 ден. 1050 ден. 1290 ден. 1410 ден.
Полн пансион (FB) 1530 ден. 1840 ден. 1410 ден. 1530 ден. 1660 ден.
Доплата 1/1 & Апп. 130 ден. 180 ден. 130 ден. 130 ден. 180 ден.
Дневен престој 600 ден. 600 ден. 600 ден. 600 ден. 600 ден.

 

Ценовник за индивидуални посети за престој од 3 дена и повеќе во двокреветни соби 2020/21 год.

Период Септември
Октомври
Ноември
Декември
Јануари
Февруари
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Ноќевање со доручек (BB) 920 ден. 1100 ден. 800 ден. 920 ден. 1100 ден.
Полуоансион (HB) 1100 ден. 1280 ден. 990 ден. 1100 ден. 1230 ден.
Полн пансион (FB) 1410 ден. 1650 ден. 1280 ден. 1420 ден. 1530 ден.
Доплата 1/1 & Апп. 130 ден. 180 ден. 130 ден. 130 ден. 180 ден.

 

Ценовник за организирани и групни посети во двокреветни соби

Период Септември
Октомври
Ноември
Декември
Јануари
Февруари
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Ноќевање со доручек (BB) 920 ден. 1100 ден. 800 ден. 920 ден. 1100 ден.
Полуоансион (HB) 1100 ден. 1280 ден. 990 ден. 1100 ден. 1230 ден.
Полн пансион (FB) 1410 ден. 1650 ден. 1290 ден. 1410 ден. 1530 ден.
Доплата 1/1 & Апп. 130 ден. 180 ден. 130 ден. 130 ден. 180 ден.

 

Ски центар "КОПАНКИ"

Категорија Цена
Тридневен пакет аранжман (Полн пансион и Ски билет) 5 500 ден.
Дневен ски билет 300 ден.
Тридневен ски билет 600 ден.
Детски ски билет 200 ден.
Тридневен детски ски билет 450 ден.
Сезонски билет 4 000 ден.
Детски сезонски билет 3 000 ден.
Билет за едно возење -жичарница (Молика - Копанки) 100 ден.
Користење услуги од снеготапкач 6 500 ден. / час
Напомена:
- Полудневниот билет важи од 12:00 часот.
- Детскиот билет е за деца до 12 години.
- Работно време на ски центрите: од 09:00 - 15:00 часот, викенд: 09:00 - 16:00 часот.
- Ноќното скијање ќе се одвива во терминот од 19:00 - 22:00 часот.
- За користење на услигу од снеготапкач да се почитува Упатството за комерцијално користење на машини за подготовка на ски патеки 

 

Новогодишна понуда 2021
Хотел Молика Пелистер

Аранжман Цена
Новогодишен аранжман на база 5 полни пансиони 12 200 ден.
Новогодишен аранжман на база 4 полни пансиони 11 000 ден.
Новогодишен аранжман на база 3 полни пансиони 9 150 ден.
Новогодишен аранжман на база 2 полни пансиони 6 700 ден.
Пансионска услуга 31.12.2020 - 01.01.2021 3 400 ден.
Полупансионска услуга 31.12.2020 - 01.01.2021 2 770 ден.
Пансионска услуга 01.01.2021 - 02.01.2021 2 450 ден.
Полупансионска услуга 01.01.2021 - 02.01.2021 1 840 ден.
Свечена вечера 31.12.2020 за вонпансионски гости 1 230 ден.
Свечена вечера 01.01.2021 за вонпансионски гости 800 ден.
Свечени ручеци 31.12.2020 - 02.01.2021 - Отворени маси 600 ден.