Хотел Манастир-Берово

 ХОТЕЛ МАНАСТИР Берово ****

Во подножјето на Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово. Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува со уникатна комбинација од речиси недопрена природа, големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко - здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација.
Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици.

 

 

 

Две лица ББ

3-то лице / доплата

Стандардна соба

2520,00

610,00

Студио

3130,00

610,00

Супериор соба

3740,00

610,00

Апартман

4350,00

610,00

За дете до 5,99

Не се наплаќа

 

2 деца до 5,99

50% од цената за возрасен

 

Дете над 5,99

50% од цената за возрасен

 

Дете над 11,99

Се смета како 3-то лице