Белград Нова Година 2022

БЕЛГРАД – НОВИ САД             

 3 дена / 2 ноќи / автобус        

1 ден   31.12.2021 ( петок)   Штип / Скопје-Белград

Поаѓање за Србија во  00:30 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта, во  02:00 часот од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград  во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел. Вечерта, дочек на Новата 2022 година на плоштад доколу има организација според протоколите или индивидуална организација . Враќање во хотел.  Ноќевање.

2 ден 01.01.2022 (сабота) Белград

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и активности  низ најпознатите улици во  Белград -  Кнез Михајлова ,Теразије и Белград  на вода. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 02.01.2022  ( недела ) Белград – Нови Сад -  Скопје / Штип

Појадок.  По појадокот напуштање на хотелот. Слободен ден за прошетка низ Белград или можност за факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад  е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности. Попладне поаѓање за Македонија преку Белград со попатни одмори. Пристигнување во Скопје/ Штип   во доцните вечерни часови.

 

Цена : 5.850,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел   3*во Белград 
  • разглед  на Белград со локален туристички водич
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

  • посета на Нови Сад – 15€( минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот)
  • туристичка такса – 200 денари ( задолжителна доплата во агенција )
  • патничко осигурување  100 денари (задолжително)
  • влезници за културно-историските споменици
  • Агенцијата организира превоз  до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 

Општи напомени :

  • Патувањето ќе се одвива според пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За ова патување  е потребно PCR тест не постар од 72 часа или Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза)
  • ТА Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
  • Рок на пријавување до 20.12.2021

 

За реализација на аранжманот  потребен е  минимум од 40 патници за автобус!

Важат општите услови за патување на ТА.Сафари и СКТМ