Белград-Велигден и 1 Мај

Белград – Велигден и 1-ви Мај

Белград главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители

Белград главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе.Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина и Букурешт.

 

01.05.2021 (Сабота) Македонија – Белград

Состанок на групата по договорено време Тргнување за Белград во 00.30 часот од Кочани. Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме  во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Навечер препорачуваме посета на црквата Св.Сава  (доколку условите од пандемијата го овозможуваат тоа) – во договор со придружникот. Ноќевање.

02.05.2021  (Недела) БЕЛГРАД

Појадок. Препорачуваме факултативно крстарење со брод. Пловидбата започнува од новиот мост на Ада до устието на Сава и Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг ценатр – Ушче. Слободно време за шопинг.  По договорено време тргнување за Македонија.Пристигнување во вечерните часови.

Цена: 49€ / 3.030,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од: Делчево, Каменица, Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 1 ноќевање со појадок во хотел Србија 3* https://www.hotelsrbija.com/sr/
  • Посета на трговскиот центар „Ушче” https://usceshoppingcenter.rs/

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 100 мкд
  • Крстарење по Дунав – 20eur.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ: 

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници (75% исполнетост на автобус според протокол за патување);
  • Т.а.Сафари го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во ТА Сафари на самата агенција.
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.