Античка Турција-Велигден 2021

ВЕЛИГДЕН ВО АНТИЧКА ТУРЦИЈА БУС

Античка Турција
КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЕФЕС –КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА - ИЗМИР

Автобус 6 дена / 3 ноќевања
29 Април (Четврток) СКОПЈЕ – КУШАДАСИ

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Инн во 10.00 часот. Поаѓање за Кушадаси во 10:30 преку Р. Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор, гранични и царински формалности.

30 Април (Петок) ТРОЈА – КУШАДАСИ
Во утинските часови преминување на Дарданелите со брод од Гелиболу до Чанакале. Патувањето продолжува со попатна посета на античкиот град Tроја познат по Тројанската војна опеана во познатото дело на Хомер " Илијада ". По завршување на посетата патувањето продолжува кон Кушадаси. Пристигање во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки низ стариот дел на градот, чаршијата. Вечера. Ноќевање.

01 Мај (Сабота) КУШАДАСИ - Ефес - Куќата на Дева Марија - Храмот Артемида - црквата Св.Јован - КУШАДАСИ
Појадок. По појадокот, следи факултативна можност за целодневен излет и посета на античкиот град Ефес, кој бил трет по големина град во Римската Империја, куќата на Дева Mарија каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земски живот, ѕидот на желбите , црквата на Св. Јован во Селџук и Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време.Вечера. Ноќевање.

02 Мај (Недела) КУШАДАСИ – ПАМУККАЛЕ
Појадок.
 По појадокот факултативна можност за посета на Памуккале место феномен, каде природата ги покажала своите најголеми уметнички можности создавајки плитки каскадни базени .Посета на античкиот град Хиераполис познат уште од 2 век п.н.е како термално лекувалиште именувано по Божицата Хера. Посета на познатите извори на Клеопатра каде некогаш познатата Кралица уживала во термалните води. Враќање во хотел во доцните попладневните часови. Вечера. Ноќевање.

03 Мај (Понеделник) КУШАДАСИ – ИЗМИР – СКОПЈЕ
Појадок.
 По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со попатна посета и разглед на Измир со локален водич: централниот градски плоштад Конак каде се наоѓа симболот на градот-Саат Кулата, изградена во 1901 година по повод 25-годишнината од владеењето на султанот Abdulhamid II, трговскиот дел на Измир – најпознатиот Kemeralti Bazar каде на едно место Ви се нуди се што ќе посакате да купите: текстил, облека, зачини, злато… Од овој дел на Измир, а е поделен на два дела, со фериброд се поминува во областа Каршијака, или како уште се нарекува богатиот дел на Измир. На влезот во најпрометната улица Ќемал Паша минувачите ги дочекаат две статуи на девојки кои се ослободуваат од велот и со тоа ја симболизираат слободата на жената. Слободно време за прошетка и шопинг .Во договорено време заминување кон Македонија, преку Бугарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор како и за гранични и царински формалности.

04 мај (Вторник) СКОПЈЕ
Пристигнуње во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА до 25 Март: 149 еур / 9.240 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 169 еур/ 10.480 мкд.

Во цената на аранжманот е вклучено:
· Автобуски превоз на дадената релација по програмата
· Бродски превоз Гелибулу – Чанакале - Гелиболу
· Сместување во хотел со 4* во Кушадаси на база 3 ноќевања со појадок и вечера
· Организација и пратител на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
· Посета на античка Троја и Тројанскиот коњ - 20 еур (задолжителна доплата)
· Целодневен излет Ефес, куќата на Дева Марија, Храмот на Артемида и црквата Св.Јован Апостол во Селџук - 40 еур
· Разглед на Измир – 10 еур (задолжителна доплата)
· Целодневен излет Памуккале – 40 еур (без влез за базените на Клеопатара)
· Влезници за посета на културно – историските споменици кои не се предвидени по програмата
· За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

Начини на плаќање:
· Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
· Доплата за еднокреветна соба - 3500 денари.
· Задолжително пријавување во агенција кои од факултативните излети наведени во програмата патникот ќе ги користи и за истите треба да изврши резервација со уплата од 30% од вкупната цена .

Општи напомени за патување:
Т.А.Сафари го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето