VALONA 11 Oktomvri

ВАЛОНА СО ПОСЕТА НА ЗВЕРНЕК И ТИРАНА 11ТИ ОКТОМВРИ

Во изминатите неколку години градот бележи експанзија на полето во туризмот со што тивко и бавно, но сигурно го граби европскиот туристички пазар. Главното шетелиште е покрај море, од двете страни на булеварот со палми, модерна архитетура на хотели, ресторани, кафетерии, дуќани...

ВАЛОНА
со посета на Звернек и Тирана

Градот Валона се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на граница меѓу Јадранско и Јонско море. Во изминатите неколку години градот бележи експанзија на полето во туризмот, со што тивко и бавно, но сигурно го граби европскиот туристички пазар. Во центарот на Валона може да се посети градскиот плоштад и Споменикот на независноста а во пошироката околина тврдината Канина која во XII век како епархија била дел од Охридската архиепископија. Главното шетелиште е покрај море, од двете страни на булеварот со палми, модерна архитетура на хотели, ресторани, кафетерии, дуќани... Во Валона има многу сончеви денови во годината и затоа сезоната за капење трае од крајот на април па се до октомври. Насекаде има плажи со европски шмек, пабови и барови со музика во текот на целиот ден. Зајдисонцето е приказна за себе, што дополнителнo ја прави Валона спектакуларна.

09 Октомври (Сабота)    СКОПЈЕ - ВАЛОНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Валона и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: прошетка, шопинг… Ноќевање.

10 Октомври (Недела)    ЗВЕРНЕК
Појадок. Слободно време за прошетки во Валона. Можност за факултативна посета на манастиорот Звернек, посветен на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До островот се доаѓа со пешачење по дрвен мост долг 270 метри што претставува незаборавно доживувањe и можност за фотографирање. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.

11 Октомври (Понеделник)     ВАЛОНА – ТИРАНА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Тирана и пристигнување во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадот Скендер – бег, булеварот на националните херои, старата џамија Аџи Елтем – Бег, парламентот…. Слободно време за прошетка. Поаѓање за Скопје со попатна пауза во еден од најголемите шопинг центри во Тирана – TEG Shopping Mall,  кој има преку 200 продавници и повеќе од 70 познати брендови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
 

За уплата до 24 Септември: 5.520 денари (89 евра)
Цена на аранжманот: 6.140 денари (99 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со модерен туристички автобус
Сместување во хотел 4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок
Посета на Тирана и TEG Shopping Mall
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Организирана вечера - 15 евра
Посета на манастиорот Звернек - 10 евра
Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Магелан Травел Сервис.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

ТА САФАРИ  го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во Албанија се патува со пасош или лична карта.