Hotel Manastir Berovo ****

ХОТЕЛ МАНАСТИР БЕРОВО ****

Во подножјето на Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово. Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува со уникатна комбинација од речиси недопрена природа, големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко - здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација.
Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот располага со 30 соби, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор. Планинското опкружување, езерото, маркираните велосипедски и пешачки патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки, за љубителите на планинарењето и mount-biking, како и за оние кои бараат авантури и предизвици.

Тип на сместување             Еднокреветна соба                Двокреветна соба                 Трокреветна соба
Ноќевање со појадок                         24 €                           20 €                           19 €
Полупансион                         31 €                           27 €                           26 €
Полнпансион                         37 €                           33 €                           32 €

 

Цените се по лице по ден.

Цената вклучува:

ДДВ, туристичка такса.

Цената не вклучува пијалоци за време на оброците.

Може да организира различни активности, излети, како и посета на историски, културни, верски, природни и други знаменитости на малешевијата, со обезбеден водич, на пример:
Ручек на бачило;
Посета и ручек на рибник;
Јавање на коњи;
Посета на пехчевски водопади;
Прошетка/планинарење по малешевските планини;
Посета на локалните цркви, манастирот св.Архангел Михаил и Градскиот музеј;
Караоке забава;
Припрема на оброк од самата група на ресторанската тераса со фурна;
Фолкорен и/или плех музика перформанс;

Доплати и услуги:

 

Едно дете до 5,99 - бесплатно;
Едно дете од 6-11,99 - 50% од цената на еден возрасен;
Две деца 0-5,99 - 50% од цената за возрасен;
Трето лице е по цена за трокреветна соба.