BELGRAD I NOVI SAD 11 Oktomvri

БЕЛГРАД И НОВИ САД

09 Октомври (сабота)   СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 2.30 на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи.Пристигнување во Белград во  утринските часови. Разглед на градот со стручен локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Соборната црква, Народната скупштина, Булеварот на Крал Александар, плоштадот на Републиката, мостовите на Сава, Кнез Михајлова улица, Калемегдан... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.

10 Октомври (недела) БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. Факултативно, посета на Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн... Ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот. Враќање во хотел во Белград. Слободно време за прошетки и индивидуални активности.  Ноќевање.

11 Октомври (понеделник) БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време до 15 часот. Патување со куси паузи за одмор, пристигнување во Скопје во вечерните часови.

За рана уплата до 24.09   Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)
РЕДОВНА ЦЕНА : 6.140 денари (99 евра)

 

Цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
2 ноќевања со појадок во хотел со 3*/4*
Разгледување на Белград со стручен локален водич
Посета на трговскиот центар Ушќе
Придружник - пратител на групата за време на патувањето

Цената на аранжманот не е вклучено:
Целодневна посета, разгледување на Нови Сад со стручен локален водич и ручек во традиционален ресторан – Салаш 25 евра, за минимум 30 пријавени патници
Вечера во ресторан на Скадарлија 25 евра
Задолжително патничко-здравствено осигиривање
Туристичка такса 5 евра за две ноќевања (се плаќа на рецепција во хотелот)

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници
За овој програм важат Општите услови на патување на Магелан Травел Сервис

Општи напомени за патување:
ТА САФАРИ  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети: задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска. Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање! Се патува со лична карта или пасош со важност од минимум 3 месеци од денот на враќање.