Resort Aurora Berovo *****

АУРОРА РЕСОРТ БЕРОВО *****

Аурора Ресорт и СПА е сместен во источниот планински дел на Македонија, со надморска височина од 1100 метри близу Берово веднаш над беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини. Точно во овој регион, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања. Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрвја кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките специјално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот. Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието. Со неколку зборови кажано „Мало парче рај, од мир и спокојност, создадено да Ви пружи незаборавно искуство“. Нашиот комплекс располага со 29 соби од различна категорија кои нудат луксуз и елеганција, дизејнирани со специјална цел да понудат неверојатен комфорт.

НОВА ГОДИНА 2022
ПАКЕТИ ОД 2 И 3 НОЌЕВАЊА (31.12.2021 – 02.01.2022)

Уникатна ГАЛА вечера, проследена со жива музика, богато новогодишно мени составено од специјално селектирана понуда на салати, ладни и топли предјадења, специјалитети на кујната и десерт.
Неограничена конзумација на селективни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 20:00 - 01:00ч.

НОВОГОДИШЕН ПАКЕТ 2022

Специјален пакет на база ПОЛН ПАНСИОН со ексклузивна програма + Гала вечера на 31.12.2021 со неограничени пијалоци

Тип на соба

Цена по лице за 2 ноќи

Цена по лице за 3 ноќи

Супериор соба

15.440 ден.

19.780 ден.

Супериор со поглед кон кањон

17.290 ден.

21.640 ден.

Џуниор Суит де лукс

17.290 ден.

21.640 ден.

Џуниор Суит со поглед на кањон

18.540 ден.

24.120 ден.

 

- AFTER PARTY во FURNA BAR од 01:00 до 03:00 часот проследена со DJ забава.
01.01.2022 МАЛЕШЕВСКО МААЛО: 13:00 до 15:00 часот (Новогодишен коктел, богата шведска маса од локални традиционални специјалитети, греана ракија)
- Свечена интернационална шведска маса 20:00 до 22:30 часот.
- За време на вечерата жива музика 20:00 до 00:00 часот
02.01.2022:
- LIGHT SNACKS LUNCH – Шведска маса 13:00 до 15:00 часот.
- ИТАЛИЈАНСКА ВЕЧЕР – ‘’LIVE COOKING’’ – готвење на Италијански рецепти во живо / шведска маса од 20:00 до 22:30 часот проследено       со  италијанска музика од 20:00 до 23:00 часот

 Супериор: доплата за трето лице:
2 ноќевања 10,788 МКД, 3 ноќевања 13.826 МКД|
Цена за еднокреветна соба: 2 ноќевања 23,188 МКД, 3 ноќевања 29.698 МКД
Џуниор Суит / Делукс / Супериор со поглед кон кањонот: доплата за трето лице:
2 ноќевања 12,090 МКД, 3 ноќевања 15.128 МКД|
Цена за еднокреветна соба : 2 ноќевања 25,916 МКД, 3 ноќевања 32.488 МКД

       * Цените се изразени во Евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62,00 ден за 1 еур;
* Цените не вклучуваат осигурување и туристичка такса за престој (45 мкд за возасно лице по ноќевање, 5 мкд за деца до 12 години ). Се плаќа на рецепција во хотелот;
* За резервација потребна е уплата од 50% од вкупната цена на аранжманот.
Останатиот дел се доплаќа најдоцна 10 дена пред пристигнување.
Доколку потврдената резервација е откажана 20 дена пред пристигнувањето, не се наплаќа пенал.
Ако резервацијата биде откажана 19 дена пред пристигнувањето 50 % од вкупната сума ќе биде наплатена. Доколку резервацијата биде откажана 15 пред датумот на пристигнување вкупниот изност ќе биде наплатен.
* Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 год не е дозволено.
За деца од 10 до 12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен.

НАЈСТРОГО Е ЗАБРАНЕТО ВНЕСУВАЊЕ НА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ВО ХОТЕЛОТ
Влез во хотелот после 14:00, излез од хотелот до 12:00

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2