Венеција

Венеција (Верона и Трст) - 8ми Март

Програма

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ – ТРСТ
Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање за Венеција 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 07.03.2020 ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде … Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 09.09.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА.Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре… слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 10.03.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 129€/7.999 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139€/8.620 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус
• Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
• Организација, реализација и придружник на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Веле
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз + локален разглед: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 25€
• Посета на национален ресторан – 25€ (вклучено мени – вечера)
• Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 15€
• Влезници за културно-историските знаменитости
• Патничко осигурување – 5€/310ден
• Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници