Сараево

8 Март во Сараево

Сараево – Илиџа – Мостар  Вишеград  Дрвенград
Термин: 12-15.03.2020
Може да се патува со лична карта

Сараево е главен град на Босна, каде минува реката Милјацка. Град со околу 400.000 жители и бурна историја. Сараево е град на 14-тите Олимписки игри (1984 год.). Денес во Сараево има синагога, џамии, православни и католички цркви – град со 4 религии што е реткост во светот.

Програма:

Прв ден: Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден: Сараево.
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на стариот град со водич. Ќе ги посетиме Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија за оние кои не се пријавени на следната факултатива. Патувањето во Сараево ќе го завршиме факултативно на Илиџа (тур. – лек, лековито место), која датира од римскиот период позната по термалната бања. Илиџа лежи на две реки, Босна и нејзината притока Жељезница. Поважни објекти во границите на Илиџа се: старата железничка станица – останата од австроунгарскиот период, голем број на вили по Алејата према Врело Босне, хиподромот Бутмир, хотелите „Унгарија“, „Босна“ и „Австрија“  во кои последно преноќевале австроунгарскиот престолонаследник Фердинанд и неговата сопруга Софија во очи на сараевскиот атентат. Шетајќи или возејќи се на кочија низ алејата со костени, долга три и пол километри се пристигнува до најголемата илиџанска атракција – Врело Босне во подножјето на Игман планина. Интересен податок е дека алејата ја сочинуваат 726 костенови стебла, посадени во два реда во 1892 година, што претставува најубав дрворед во Босна и Херцеговина. Врело Босне е извонреден парк испресечен со многубројни потоци кои создаваат езерца и острови, што претставува геолошки, хидролошки и боданичко – хортикултурен феномен. Најубавото е изворот на реката Босна, која извира од неколку силни извори на надморска висина од 492 метра. Смесување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Трет ден: Сараево – Мостар – Сараево.
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Разгледување на градот со локален туристички водич. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Слободно време. Ноќевање.

Четврти ден: Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвенград изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија.

ЗА УПЛАТА ДО 01.02.2020: 4900.00 денари

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација
- Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево
- Разгледување на Сараево со локален водич
- Придружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 150 денари
- Илиџа и Врело Босне – 10 евра
- Полудневен излет до Мостар и разглед – 15 евра
- Крстарење по Дрина – 5 евра
- Влезници за културно-историските споменици
- Разглед и посета на Дрвенград (индивидуално плаќање на влез)

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.