РИЛСКИ МАНАСТИР

РИЛСКИ МАНАСТИР
8 Март 2020

Програма:
Поаѓање во раните утрински часови. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Поаѓање кон Рилскиот Манастир. Посета на Рилскиот манастир кој се наоѓа на планината Рила, основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски. Овој манастир е еден од најзначајните културни споменици на Бугарија ставен под заштита на УНЕСКО и прогласен за национален музеј на Република Бугарија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија со попатна посета на Благоевград. Слободно време за шопинг и прошетка низ градот. Пристигнување во Струмица  во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 800 денари

 

Во цената е вклучено:
- превоз со модерен туристички автобус
- целокупна организација

Во цената не е вклучено:
- патничко и здравствено осигурување-100 ден.

Општи напомени:
- Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.
За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 40 патника.

 

За овој аранжман важат општите услови на ТА САФАРИ