ПРАГА - ДРЕЗДЕН - БРАТИСЛАВА

ПРАГА, ДРЕЗДЕН И БРАТИСЛАВА
8 Март 2020
 Термин 05 Март
(4 дена / 2 ноќевања со појадок)

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница

ПРОГРАМА:
1 ден  ЧЕТВРТОК (05.03.2020): Кочани – Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Прага.

Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 11:00 часот. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден ПЕТОК (06.03.2020): Прага.
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден САБОТА (07.03.2020): Прага – Дрезден  (факултативно).
ПојадокПредлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.   

4 ден  НЕДЕЛА (08.03.2020): Прага  – Братислава.
Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава, Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден ПОНЕДЕЛНИК 09 .03.2020
Пристигнување во Скопје – Кочани во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 20.01.2020: 99 €  / 6140 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА:129 € / 8000 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- Две ноќевања во хотел 3* во Прага со појадок (хотелот е во околината на Прага)
- Htl Comfort Hotel Prague East ***+  https://www.cpihotels.com/comfort-hotel-prague-city-east
- Посета на Братислава
- Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
- Вечерно крстарење по В`лтава – 15 евра
- Посета на Дрезден – 30 евра
- Патничко осигурување 150 денари

Пакет сите факултативи 50 евра (со резервација во агенција)

НАПОМЕНИ:
За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Т.А. Сафари  го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Либеро Травел.
За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
Со оваа програма важат Општите услови  на СКТМ.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

 

За овој аранжман важат општите услови на ТА САФАРИ