МЕТЕОРИ

МЕТЕОРИ

Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, едни од најголемите православни комплекси во Грција.

Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција

Програма:
Поаѓање во утрински часови кон Метеори. Разгледување на импресивната природа и манастирите изградени на карпите-наречени метеори, кои настанале пред околу 60 милиони години. Посета на најпознатиот манастир Голем Метеор . По разгледот на манастирот продолжуваме низ Кастраки до гратчето Каламбака. Посета на работилница за злато, изработка на икони и сувенири. Од каде може да си купите златен наќит кој се продава на сантиметар. Посета на црквата Св.Петка Римјанка. Заминување за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:1450 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:
-превоз со високотуристички автобус
-организација и водство на патувањето
-посета на Метеори

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-патничко осигурување во износ од 100 денари

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 40 патника.

 

За овој аранжман важат општите услови на ТА САФАРИ