Eднодневна програма КАВАЛА

КАВАЛА
8 Март 2020

Програма:
Поаѓање во раните утрински часови. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царнски формалности. Пристигнување во Кавала. Слободно време и разглед на еден од најубавите грчки градови покрај трите имиња - Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Посета на стариот дел на Кавала со, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Струмица во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 990 денари

 

  Во цената е вклучено:
- превоз со модерен туристички автобус
- целокупна организација

  Во цената не е вклучено:
- патничко и здравствено осигурување-100 ден.
- влезници за културно – историските споменици

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 40 патника.

 

За овој аранжман важат општите услови на ТА САФАРИ