Белград

БЕЛГРАД
8 –ми Март 2020

Програма:

1 ден 07.03.2020 ( сабота )
Штип / Скопје - Белград
Поаѓање во 04.00 часот од Штип, паркингот  пред Новата Пошта , во 05.00 часот од Скопје, паркингот пред хотел Вип. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Теразије. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера на Скадарлија. Ноќевање.

 

2 ден 08.03.2020 ( недела )
Белград – Скопје / Штип
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и посета на шопинг центарот Ушче. Поаѓање за Македонија во попладневните часови со попатна посета на IKEA. Пристигнување во Скопје /Штип во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 3990 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3 * во Белград
-  Разглед на Белград со локален водич
-  Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
-  Πатничко осигурување-100 денари ( задолжително)
-  Факултативна вечера на Скадарлија- 20 евра ( минимум 25 лица за реализација, пријавување  и уплата во агенција)
- влезници за културно-историски споменици

Општи напомени:
- ТА Сафари го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови ,вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања. Може да се патува со биометриска лична карта или пасош.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
* Рок на пријавување до 24.02.2020

 

За овој аранжман важат општите услови на ТА САФАРИ