Eднодневна програма БАНСКО

Eднодневна програма Банско
8 Март 2020

Програма:
Поаѓање во раните утрински часови од Струмица.Упатување кон Р.Бугарија преку граничниот премин Ново Село.Со попатни паузи,пристигнување во Банско.
Прошетка низ Банско - можност за посета на Црквата Св.Тројца, Музејот Никола Вапцаров, Спомен Куќата Неофит Рилски и др. Уживајте во прошетката по реката Глазне и во прекрасниот поглед кон Пирин Планина, можност за посета на бројните национални ресторани  и механи.
Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови, со попатни паузи.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 800 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација со модерен туристички автобус
- Организација и водство на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување во износ од 100 денари

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ.За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 40 патника.

 

За овој аранжман важат општите услови на ТА САФАРИ