Атина

Атина - 8 ми Март

Програма

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.2020 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме по повод 8ми Март вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 10.03.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 99€/6.140 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
 119€ / 7.380 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
• Сместување во хотел 3* – 2НП (ноќевање + појадок)
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
• Организација и реализација на патувањето
• Организиран трансфер од Охрид,Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Посета на Пиреа и Сунион – 10€
• Организиран разглед на Атина со локален водич – 10€
• Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
• Патничко осигурување – 175ден
• Вечера во таверна – 35€
• Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци
• Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

НАПОМЕНИ:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СКТМ.
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
* Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.