Истанбул

Термин: 10.10-13.10.2019
Цена на аранжманот: 4900 денари

ПРОГРАМА:
1 ден: четврток

Поаѓање во попладневните часови од пред туристичката агенција Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден: петок (неработен ден)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Сместување во хотел по интернационална политика на хотел по 14 часот, доколку има слободни соби, придружникот има можност да ги смести патниците. Средба на групата со локалниот водич пред хотел. Туристичката програма започнува со панорамска обиколка на Истанбул со локален водич. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар “Султанахмет”. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на “Синатаџамија” – единствена со шест минариња. Факлутативна посета на Топкапи палатата, кој е срцето на градот Истанбул. Факлутативна посета на Аја Софија. Слободно време за индивидуална прошетка или одмор во хотел. Вечерта факлутативна турска традиционална вечера со целосно мени. Ноќевање. 
3-ти ден: сабота 
Појадок. Од 07:00 до 08:30. Во 09:00 започува програмата.Факултативна посета на палата „Долмабахче“ кој е еден од најраскошните двореци во светот. Дворецот е скапоценото богатство на Република Турција. Долмабахче е 4 дена во неделата дом за претседателот на Р.Турција-Ердоган.Слободно време или Факултативно крстарење со брод по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината „Румелија Хисар“, да ги фотографирате прекрасната палата „Долмабахче“,, дворецот „Јилдиз“, дворецот „Чифте Сарај“. Потоа бродот се упатува кон Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили, каде се снимени повеќето од турските серии.По завршување на крстарењето, Посета на облакодерот “Сафир” – највисоката зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште, каде се открива неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатната авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со чаша мирисно турско кафе меѓу облаците над Истанбул. Слободно време за прошетка и фотографирање . Вечерта факлутативна посета на најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата Истиклал која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед, шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4-ти ден: недела
Појадок.По појадокот се тргнува кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум во светот Florya кој нуди разглед на најразнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума. Се упатуваме кон градот Едрине со посета на Outlet –Margi Пристигнување во Македонија во утрниските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
● Превоз со високотуристички автобус
● Две ноќевања со појадок во хотел 3*
● Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
● Посета на Оutlet во Едрине
● Разглед на Хиподромот и плоштадот Султанахмет

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:
● Влезници за музеите
● Аја Софија – 15 евра
● Дворецот Топкапи – 15 евра
● Дворецот Долмабахче – 20 евра
● Бродче по Босфор – 15 евра
● Традиционална вечера – 25 евра
● Посета на облакодерот “Сафир”, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино –20евра
● Трансфер, прошетка на Таксим и посета на Галата Кула -10 евра
● Најголемиот аквариум во Европа Florya- Цена 20 €
Патничко осигурување – 150 денари

ПАКЕТ 8 ФАКЛУТАТИВИ= 125 ЕВРА (гратис крстарење по Босфор)

Напомена: Задолжителни минимум две екскурзии (патувањето е од туристички карактер)

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
● Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца (со претходна напомена).

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
● Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
● Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
● Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
● Пасошот мора да има важност минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжмано
● Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
● Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
● Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
● Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.