prolombanja-8dekemvri.php

ПРОЛОМ БАЊА 8ми Декември

1.Ден 08.12.2021 (Среда)                           СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, време за релаксација  и користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

2.Ден 09.12.2021 (Четврток)                    ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ

Појадок.Можност за факултативен претпладневен излетсо локален водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата,околу кој се врзаниповеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата.Враќање во хотел.Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 10.12.2021 (Петок)ПРОЛОМ БАЊА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, време предвидено за одмор, релаксаија и користење на велнес содржините на хотелот. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. ВечераНоќевање.

 

4.Ден 11.12.2021 (Сабота )                          ПРОЛОМ БАЊА – ЛАЗАРИЦА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Заминување на организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Зaминување за Македонија во 13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Цена на аранжманот за пријави до25.11.2021 148/9.176мкд

Редовна цена на аранжманот - 160€/9.920мкд

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

 

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација,

– Сместување во Хотел Радан 3* на база 3 ноќевања во двокреветни соби или двокреветни со дополнителен кревет – фотеља (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса),

– Исхрана на база полн пансион: појадок, ручек и вечер со класично послужување

– Користење на внатрешен базен и внатрешно-надворешен базен со лековита Пролом вода,

–Секојдневно користење на велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум,

– Користење фитнес сала и сала за рекреација (билљард, пинг понг, тенис, пикадо),

– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич,

– Туристичка такса,

 

– Организација, реализација и придружник на патувањето.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување,

– Организиран излет до Ѓавола Варош, превоз, вклучена влезница и локален водич - 5€

 

– Индивидуални трошоци.

 

Попусти и опционални доплати:

– Доплата за еднокреветна соба +45€/2.790ден

– Дете 2-9год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд

– Дете 9-14год. на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 85€/5.270мкд

– Трет возрасен на дополнителен кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа полна сума 160€/9.920мкд

– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден по патник

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)

 

– Доплата за користење на дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден

 

НАПОМЕНИ:

 

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

 

– За ова патување, во однос на враќањето за влез во Македонија, потребно е да имате сертификат за вакцинација од вирусот SARS-Cov-2 односно примени најмалку 2 дози, сертификат за прележан КОВИД во последните 45 ден сметајќи од денот на оздравување или негативен PCR тест не постар од 72 часа (овие сертификати не се потребни за лица под 18 год). 

 – За време на патувањето ќе бидат запазени сите безбедносни протоколи за заштита од КОВИД, задолжителна дезинфекција при влез во автобус.

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува а уплатениот износ нема да биде рефундиран.

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

 

– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.