Истанбул - Нова Година 2022

НОВА ГОДИНА
ИСТАНБУЛ

29.12.2021 – 02.01.2022
 

ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ
Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на дваконтиненти.

Главниот град на 3 империи ќе Ве освои бидејќи не е само име од историјата. Ова е единствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град воТурција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители.

За овој град кој петпати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град немада Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш немада дознаете се за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и се така до недоглед… 

Програма:
1ден  29.12.2021 (Среда)

Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 09:05 со бр. на лет TK 1004.
Слетување во Истанбул во 12:40 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог-Посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, посета на Азискиот дел на Истанбул со метро преку подводниот тунел под Босфор-Мармарис, Посета на Karakoy –место со премногу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите…Ноќевање.

2ден  30.12.2021 (Четврток) 
Појадок. По појадокот, Факултативно- разглед на градот со стручен водич: Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; ЏамијатаСултан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија– црква, џамија, музеј.... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустинијан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата веднаш ја претворил во џамија, а Кемал Ататурк во 1935 од Аја Софија направил Музеј. Од 10 јули 2020 година Аја Софија повторно се користи како џамија.  Посета на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија, една од 14-те Автокефални православни цркви, Посета на PierreLoti,познато место од каде се пружа најубавиот поглед на Истанбул.  Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи.Ноќевање.

3ден  31.12.2020 (Петок)
Појадок. Факултативна посета на најубавата султанска палата Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Градена во Европски стил во 19 век е една од најгламурозните палати во светот, Палатата зрачи со луксуз.Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна  и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир.
ПРЕДЛОГ-ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр (индивидуално). Враќање во хотел.Ноќевање.

4ден  01.01.2022 (Сабота)
Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности. Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Враќање во хотел.
ФАКУЛТАТИВНО –Забава по Новогодишната ноќ, Посета на ресторан во срцето на Истанбул: најпознатото традиционално Турско ноќно шоу со вечера, пијалок и ориентална програма со музика и танчерки. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден  02.01.2022 (Недела)
Одјавување од хотел. Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 04:30. Полетување за Скопје во 08:50 со бр. на лет ТК 1003. Слетување во Скопје во 08:15.

                                                   Цена на аранжманот:  329€ / 20.332 мк

Вo цената се вkлучени следниве услуги:

  • Авио билет Скопје-Истанбул-Скопје наTurkish Airlines со вклучени аеродромски такси
  • Организиран трансфер:аеродром-хотел-аеродром
  • 4 ноќевања со појадок Hotel Centrum 3* во срцето на градот-СултанАхмет www.hotelcentrumistanbul.com
  • Организација и пратител  на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Целодневен разглед на градот со локален водич, превози влезници (50 евра)
  • Посета на Палатата Долма Бахче и крстарење по Босфор (55 еур со вклучен брод, влезница за Палатата, превоз и водич)
  • Посета на ресторан – 50еур (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
  • Патничко и здравствено одигурување 185 мкд

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За влез во Р.Турција  потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци, ПЦР (не постар од 72 ч) / Антиген брз тест (не постар од 48Ч), сертификат дека сте ревакцинирини 14 дена пред влез во земјата или сертификат дека во последните 6 месеци сте ја прележале болеста. Сите наведени сертификати се однесуваат за лица посатари од 6 години.
  • Формулар за влез, регистрација на : https://register.health.gov.tr (72 часа пред влез во земјата) - задолжителен.
  • За влез во Македонија потребен е сертификат за прележан  COVID 19 во последните 45 дена сметајки од денот на оздравување, примени најмалку 2 вакцини, Антиген негативен тест или ПЦР негативен тест. Сите горенаведени потврди не се однесуваат и не се задолжителни за лица под 18 год.
  • Краен рок за пријавување 15.12.2021, Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
    За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ТА САФАРИ