Виена Нова Година

Нова Година во Виена
30.12.2021-03.01.2022

2 ноќи / 5 дена

Шенбрун l Белведере l Пратер
Outleet Parndorf

Виена е една од најстарите метрополи во срцето на Европа, империјален град и крстопат на различни култури и влијанија. Таа е една од најпопуларните европски дестинации за туристи од целиот свет, па со право може да се каже дека Виена е вистински полиглот. Со своето архитектонско и културно наследство, својот шарм и луксуз, може да стои рамо до рамо со Париз и Рим. Виена, исто така, го носи епитетот музичка престолнина на светот во кој живееле и работеле композитори - Моцарт и Бетовен, како и епитетот на еден од најважните културни центри на стариот континент. Катедралата Св. Стефан, каде што се ожени познатиот композитор Моцарт, прекрасните споменици на прстенот, градините на палатата Белведер, замокот Шенбрун, Марахилфер или Кортнер Штрасе се само некои од знаменитостите што овој град има да ги понуди. Демел, поранешна слаткара на кралското семејство, се смета за една од најпознатите и најдобрите слаткарници во светот. Сахер тортата е неизбежна ставка при изборот на многу десерти. Ајде!

Напомена: Се патува со 2 вакцини и важечки пасош од минимум 3 месеци

                Напомена : Ве молиме почитувајте ги препорачаните мерки против COVID-19 за Ваша и наша заштита, следете ги
                        препораките и редовно  информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Програма:
30.12.2021 Скопје- Виена
Состанок на групата пред "Дрво Декор " во 13:30 ч.Заминување за Виена во 14:00 ч . Се патува преку Србија и Унгарија ноќно возење со попатни одмори за царински формалности и одмор.

31.12.2021 Виена
Пристигнување во Виена во предпладневните часови, панорамско разгледување на градот со локален водич: булеварот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, Виенската опера, катедаралата Св. Стефан, шарената куќа Хундервасер,...Сместување во хотел.
слободно време за одмор и подготовки за дочекот на Новата 2022. Во вечерните часови во организација со водичот трансфер до центарот на Виена во близина на плоштадот Ратхаус каде што ќе ја доживеете најубавата атмосфера во Европа со секаков жанр на музика а и воедно да се напиете топло традиционално црвено вино. Во договорено време трансфер до хотел. Ноќевање

01.01.2022 Шенбрун – Белведере – Виенски пратер (факултативно)
Појадок.По појадокот се заминува во центарот на Виена. На видео бим ќе ја проследите главната Виенска филхармонија на новогодишниот концерт и традиционално да заиграте валцер со музиката на Штраус и делата на класичната музика. Можност за факултативна посета на дворецот Шенбрун, летната Хазбуршката резиденција од 1700г. еден од најубавите во Европа како и дворецот Белведере. По слободно време во посета на Шенбрун и Белведере заминуваме кон Виенскиот пратер каде ќе можете да го доживеете најстариот парк во Европа кој е симбол на Виена. Во вечерните часови враќање во Хотел. Ноќевање

02.01.2022 Виена – Parndorf outlet – Македонија
Појадок.По појадокот заминуваме во центарот на Виена, слободни активности. Во 13часот заминуваме кон Македонија со попатна пауза во Pandorf outlet center кој се наоѓа на патот од Виена кон Будимпешта. Во пладневните часови заминување кон Македонија преку Унгарија,Србија, ноќно возење со попатни паузи

03.01.2022 – Македонија
Пристигнување во утринските часови

 

Активности и посети со ТА Сафари:  Виена - Дворецот Шенбрун - Белведере - Пратер - Outleet Parndorf

Цената на аранжманот изнесува: 180евра
Промо цена 165€ (За уплата до 05.12)


Во цената е вклучено:
Oрганизација и водство на патувањето со пратител од агенцијата
Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевање со појадок
Разглед на Виена со локален водич
Превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)

 Во цената не е вклучено:
 Посета на дворецот Шенбрун, Белведере и забавниот парк Виенски пратер - 30еур (трансфер) доплата за влезница на лице местo
 Βлезници за културно историските споменици
 Доплата за 1/1 соба
 Осигурување 5 € ( до 65 години)