atina-novagodina.php

           Атина Нова Година 2022

 Термин 30.12.2021-03.01.2022

АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка.Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност.

Цена на аранжманот: 129€

Тргнувања од Скопје-Штип-Велес-Неготино-Гевгелија

Програма: 
1ден 30.12 (Четврток) СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата во 19:00 часот од Скопје. Поаѓање кон Атина. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

2ден 31.12 (Петок) АТИНА
Пристигнување во утринските часови во Атина-центар на културата и уметноста во период кога повеќето европски градови не постојат. Факултативен панорамски разглед: Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – каде се одржани првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, градските плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина. Разгледот завршува со посета на бисерите на Атина - древниот Акропол со храмовите посветени на Божицата Ника-Партенон и Еретеон. Сместување во хотел. Можност за организирање на Новогодишна прослава во таверна (опционално) или пак индивидуална прослава на плоштад. Ноќевање.

3 ден 01.01 (Сабота) АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ-АТИНА
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез, областа Арголида и посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (поранешна престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Потоа време за одмор со можност за ручек во локална таверна, можност за посета на работилница-за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

4ден 02.01 (Недела) АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-ГЛИФАДА-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Факултативен полудневен излет до Пиреја - најголемото пристаниште во Грција, на западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров- р`тот Сунион, на кој се наоѓаат остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон. Враќање во Атина и посета на Глифада. Заминување кон Скопје во вечерни часови. Ноќно возење со попатни паузи поради царински формалности.

5ден 03.01 (Понеделник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Напомена:
За овој аранжман е потребно  сертификат за вакцина,PCR (72 часа)или  RAPID тест (48 часа)за излез и влез во Македонија и Грција
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Патување со важечки пасош од 6 месеци
Еднокреветна соба +50 % 
Уплата исклучиво во денари.

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И
*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица
*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување. Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени.
*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање
*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 3 месеци по враќање од патувањето или со лична карта)  уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.
*Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е  износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор
*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус 25€ ова важи само кога е организирана група со автобус.
*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена такса, копнен сообраќај, додатен багаж).Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.
*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.Се информираат патниците доколку носат ски опрема да пријават во агенција поради типт на автобусот кои ке ги вози.
*Поради густиот сообраќај или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите  превозното срество со протоколи.
*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.
*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата застој во сообраќај, локални штрајкови, снег на пат, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.
*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми и намали цените, Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари. Плаќање со кредитни картици,вирмански,фирми,синдикати,здружениа регистрирани. Во готово-авансно плакање од вкупната цена,а остатокот најдоцна 10 дена пред поагање.Доколку не е договорено поинаку со анекс договор
*Важат Општите услови на ТА Сафари-со Лиценца-А членка на СКТМ