Шарџа

Шарџа е град кој се наоѓа на Персискиот Залив и е дел од Обединетите Арапски Емирати. Тој е традиционално поконзервативeн од соседниот Дубаи и генерално се смета за културен главен град на земјата. Историската област се наоѓа веднаш покрај самото морето. Тоа е област каде може да се посети музејот кој е посветен на традицијата и обичаите на емиратите како и поранешната кралска палата од 19 век - Форт од Шарџа, која сега е музеј на локалната историја. Во непосредна близина се наоѓа уметничка област со различни галерии. Музејот на уметност во Шарџа е сместен во срцето на областа и е специјализиран за современата арапска и ориентална уметност од 18 век. Извонредниот централен пазар поради своите сини плочки, исто така познат и како Blue Souk, е одлична дестинација за купување која располага со над 600 продавници. Аквариумот на Шарџа со ајкули, јагули, ражи и уште многу други видови на риби е доста популарен кај семејствата со деца. Посетителите можат да уживаат во прошетки по шеталиштето Corniche, од каде има поглед на високите водоскоци на фонтаната Шарџа, осветлени со шарени светла. За посетителите кои сакаат да го видат градот одозгора, панорамското тркало Око на Емиратите е одличен избор кој нуди поглед на градот од 60 метри височина.

Хотели во Шарџа
период на патување: јуни - авуст 2019

Име на хотелот                                                       Услуга 5 дена / 4 ноќи 8 дена / 7 ноќи
 Coral Beach Resort Sharjah 4 *                                                           BB       403 €  474 €
 Hilton Sharjah Hotel 5 * BB 414 € 489 €
 Radisson Blu Resort, Sharjah 5 * BB 424 € 507 €
 Occidental Sharjah Grand 4 * BB 433 € 527 €
 Sheraton Sharjah Beach Resort and Spa 5 * BB 457 € 569 €

 

Цената е по лице и вклучува:
- Повратен авионски билет на релација Скопје - Дубаи – Скопје со FlyDubai ( по лице со 20 кг вклучен чекиран багаж и 7 кг рачен багаж)
- Повратен трансфер аеродром - хотел - аеродром во Дубаи 
- Асистенција на аеродром од наш претставник
- 4/7 ноќевања во избраниот хотел по соодветна услуга*

Во цената не е вклучено:
- Аеродромски такси 137 EUR (подлежи на промена)
- Туристичка виза 85 EUR по лице
- Задолжително патничко осигурување
- Индивидуални трошоци (користење мини бар и други услуги во хотел)
 

*Легенда:
- RO: само ноќевање
- BB: ноќевање со појадок
- HB: полупансион (појадок и вечера)
- AI: сé вклучено
- SAI: софт сé вклучено (алкохолни пијалоци не се вклучени во цена)
- UAI: ултра сé вклучено (додатни услуги вклучени во цена, според програмата на извбраниот хотел) 


Забелешки:
- Посредуваме при вадење туристичка виза за Дубаи
- Цената важи за ограничен број места. За достапност на понудата на датумите кога сакате да патувате, јавете се во агенција
- Минимум патници: 2, еднокреветна соба со доплата 
- Постои можност за продолжување на престојот во хотелот на Вашата дестинација. За додатни информации, јавете се во агенција

НАПОМЕНИ: 
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Сафари и СКТМ. Бидејќи се работи за аранжман со авионски превоз, потребна е целосна уплата на цената при резервација и истата неможе да се откаже и е нерефундабилна.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2