Рас Ал Каима

Рас Ал Каима е најсеверниот и најзелениот емират. Благодарение на плодните почви, таму растат голем број дрвја. На само еден час возење од аеродромот во Дубаи се наоѓаат 64 километари долгите песочни плажи и прекрасните планини Hadschar. Една од главните атракции е најдолгата жичара на светот како и 4 километри долгиот вештачки остров. Планината Jebel Jais е највисоката планина на Емиратите од каде што почнува и 2830 метри долгата жичара. Комбинацијата од уживање на плажа, можност за прошетки во природа како и културните случувања го прави Рас Ал Каима одлична дестинација за одмор на млади и стари, семејства, парови, соло патници и групи. 

Хотели во Рас Ал Каима
период на патување: јуни - авуст 2019

Име на хотелот                                                       Услуга 8 дена / 7 ноќи
Double Tree By Hilton Ras Al Khaimah 4 *                                                              BB      412 €
  HB 507 €
  AI 644 €
Marjan Island Resort & Spa 5 * BB 461 €
  HB 568 €
  AI 708 €
Al Hamra Residence & Village 5 * BB 500 €
  HB 618 €
  AI 755 €
The Cove Rotana Resort - Ras Al Khaimah 5 * BB 532 €
  HB 651 €
  AI 851 €
Hilton Ras Al Khaimah Resort & Spa 5 * BB 593 €
  HB 722 €
  AI 926 €
Smartline Bin Majid Beach Resort 4 * AI 648 €
Rixos Bab Al Bahr 5 * UAI 1012 €

 

Цената е по лице и вклучува:
- Повратен авионски билет на релација Скопје - Дубаи – Скопје со FlyDubai ( по лице со 20 кг вклучен чекиран багаж и 7 кг рачен багаж)
- Повратен трансфер аеродром - хотел - аеродром во Дубаи 
- Асистенција на аеродром од наш претставник
- 4/7 ноќевања во избраниот хотел по соодветна услуга*

Во цената не е вклучено:
- Аеродромски такси 137 EUR (подлежи на промена)
- Туристичка виза 85 EUR по лице
- Задолжително патничко осигурување
- Индивидуални трошоци (користење мини бар и други услуги во хотел)
 

*Легенда:
- RO: само ноќевање
- BB: ноќевање со појадок
- HB: полупансион (појадок и вечера)
- AI: сé вклучено
- SAI: софт сé вклучено (алкохолни пијалоци не се вклучени во цена)
- UAI: ултра сé вклучено (додатни услуги вклучени во цена, според програмата на извбраниот хотел) 


Забелешки:
- Посредуваме при вадење туристичка виза за Дубаи
- Цената важи за ограничен број места. За достапност на понудата на датумите кога сакате да патувате, јавете се во агенција
- Минимум патници: 2, еднокреветна соба со доплата 
- Постои можност за продолжување на престојот во хотелот на Вашата дестинација. За додатни информации, јавете се во агенција

НАПОМЕНИ: 
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на ТА Сафари и СКТМ. Бидејќи се работи за аранжман со авионски превоз, потребна е целосна уплата на цената при резервација и истата неможе да се откаже и е нерефундабилна.
- Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2