Виена

Виена
5  дена / 2 ноќи / автобус

Термин: 29 Декември

1 ден 29.12.2018 Скопје Виена

Состанок со групата  во 16.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за Виена во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2018 Виена

Пристигнување во Виена во пладневните часови. Посета на познатиот Outlet Shopping Center - Parndorf. Слободно времеза предновогодишеншопинг. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 Виена

Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2017 плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 01.01.2019 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден 02.01.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

                          

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.10.2018: 149 € / 9.240 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 € / 9.860 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високотуристички автобус
- Сместување во хотел 3* на база 2НП
- Професионален туристички придружник за време на целото патување
- Организација и реализација на програмата
- Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Задолжително патничко осигурување 160ден
- Влезница за дворецот Шенбрун – 35€ - (влезница + локален водич + превоз)
- Разглед на Виена со локален водич – 10
- Дунавска Кула – 10
- Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата   

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ