СОФИЈА

СОФИЈА

3 дена/ 2 ноќи / автобус

1 ден  30.12.2018( недела )  Штип/Скопје – Софија

Поаѓање за Софија во 05.00 часот од Штип, паркинг пред Новата Пошта,  во 06.30 часот  од Скопје, паркинг пред хотел ВИП. Дневно  патување со попатни паузи за одмор и  царински формалности. Пристигнување во Софија, организирана прошетка низ центарот на градот: Катедралата Александар Невски, Националниот Тетар – Иван Вазов, Руската црква Св. Николај, Црквата Св. Софија.  Сместување во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

2 ден  31.12.2018 ( понеделник ) Софија 

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Можност за прошетка низ најпозната улица во Софија – Витоша. Вечерта организиран дочек на Новата 2019 година на плоштад или факултативна посета на дискотека во Студенски Град - Софија. Ноќевање.

3 ден  01.01.2019 ( вторник )  Софија – Скопје/Штип

Појадок. Напуштање на хотелот и посета на големите шопинг центи IKEA, RING MАLL и  DECATHLON (кој се наоѓа во нивна близина). Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје/Штип во доцните вечерни  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  4.490,00 денaри

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз со туристички автобус
- појадок во режија на агенцијата - првиот ден
- 2 ноќевање со појадок во хотел 3* во Софија
- разглед и прошетка  на Софија со претставник од Агенција
- водство и организација на програмата со лиценциран придружник

 Во цената на аранжманот не вклучено:

- туристичка такса – 120 денари  (задолжителна доплата во агенцијата во денарска противредност)
- новогодишна вечера на 31.12.2018  во дискотека  во Студенски Град ( превоз + влезница со 1 пијалок, кетеринг,  чаша шампанско ) – 20 €  ( минимум 35 лица-  пријавување при резервација на aранжманот)
- патничко осигурување – 100 денари (задолжително)
- влезници за културно-историските споменици

НАПОМЕНИ:

- ТА Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Рок на пријавување до 15.12.2018

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!