Рим (Пиза - Фиренца)

Рим (Пиза - Фиренца)

 

Термин: 28 Декември                                                                                                                                                

1 ден 28.12.2018: СКОПЈЕ  - Состанок на групата во 11:30ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 12:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 29.12.2018: МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА: Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на ПизаПиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 30.12.2018: МОНТЕКАТИНИ – РИМ: Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни.  Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден  31.12.2018: РИМ - ТИВОЛИ – ВАТИКАН: Појадок. ...Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. По Ватикан,  предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим.  Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим и дочек на Нова Година на некој од Римските плоштади. Ноќевање.

5 ден 01.01.2019 РИМ – ФИРЕНЦА: Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 02.01.2019: СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во вечерните  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.10.2018: 229 / 14.200 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА: 249 / 15.440 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје– Рим- Минтекатини - Скопје
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)
- 1 ноќевање во хотел 3* НП во Монтекатини
- Лиценциран туристички придружник
- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување  190 денари
- Вечерна посета на Пиза – 15 €
- Разглед на Рим со локален водич - 15 €
- Факултативна посета на Ватикански музеи, со влезница, водич, превоз - 50 €*( резервација при уплата)
- Влезница за Базилика Св.Петар. 5 €*
- Факултативна посета на Тиволи 25 €*​​​​​​​
- Rome by night излет 15 €
- Задолжителна посета на Фиренца 20 €
- останати влезници, метро карти
- еднокреветна соба 4.960 денари
- туристичка такса за ноќевање во Монтекатини ( 3 евра , се плаѓа на рецепција)
- туристичка такса за ноќевање во Рим( 6 евра по лице на ден , се плаѓа во агенција)
*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ