Прага ( Карлови Вари – Виена)

Прага ( Карлови Вари – Виена)

6 дена / 3 ноќи / автобус

 

Термин 28 Декември

1 ден 28.12.2018 СКОПЈЕ ПРАГА                                                                                                                 

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден  29.12.2018 ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 30.12.2018 ПРАГА КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Ноќевање.

4 ден 31.12.2018 ПРАГА ДРЕЗДЕН                                                                                                  

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато: Палатата Звингер , седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба,  прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.

5 ден 01.01.2019 ПРАГА OUTLET FREEPORT - ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан… Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.

6 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 01.11.2018: 169 / 10.480 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 / 11.720 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага(околина)
- Посета и панорамски разглед на Виена
- Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување  190 денари
- Разглед на Прага со локален водич (10)
- Факултативен излет Карлови Вари (25)
- Крстарење со брод по Влтава  (20)
- Целодневна посета на Дрезден  (30)
- Влезници за музеи и локалитет
- Доплата за еднокреветна соба  4.650 ден

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ