Прага ( Карлови Вари - Виена)

Прага ( Карлови Вари - Виена)

 5 дена / 2 ноќи / автобус

Термин 29 Декември

1 ден 29.12.2018: СКОПЈЕ ПРАГА:                                                                                                            

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот 12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.12.2018: ПРАГА:

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Сместување во хотел.Ноќевање.

3 ден 31.12.2018: ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ:

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка...  да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче.Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa. Дочек на Нова Година на гардскиот плоштад. Враќање во хотел.Ноќевање.

4 ден 01.01.2019: ПРАГА ВИЕНА:

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2019: СКОПЈЕ:                                                                                                                               

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2018: 159 / 9.860 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 / 10.480 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

- Превоз со високотуристички автобус Скопје – Прага  – Скопје
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
- Посета и разглед  на Виена
- Организација и водство на програмата
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT
- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

- Задолжително патничко осигурување  160 денари
- Разглед на Прага со локален водич  (10€)
- Факултативен излет Карлови Вари (25)
- Крстарење со брод по Влтава  (20)
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ