Милано

МИЛАНО

6 дена / 3 ноќи / автобус

1 ден  28.12.2018 СКОПЈЕ  

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30 часот.Поаѓање за Верона во 12:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден  29.12.2018 FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО   

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови.  Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано .Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано…  Враќање  во хотел. Ноќевање.

3 ден   30.12.2018 МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО

 Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови.  Ноќевање.

4 ден 31.12.2018  МИЛАНО   

Појадок. Предпладне одиме на   разглед на градот : тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Вечерта дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Ноќевање.

5 ден  01.01.2019 МИЛАНО –ВЕРОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Тргнуваме кон Скопје со посета на  Верона.Пристигање во Верона во попладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Патувањето продолжува  преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи .

6 ден  02.01.2019 СКОПЈЕ 

Пристигнување Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2018: 179 / 11.100 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  189 / 11.720 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
- 3 ноќевања во хотел 3* НП во Милано (околина)
- Посета на Верона
- Организација и водство на програмата
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
- Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Охрид,  Кавадарци ( Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување  190 денари
- Разглед на Милано 10€
- Факултативен излет за Лугано и Комо  35€
- Крстарење по езерото Комо (30мин) 10€
- Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ