Истанбул

ИСТАНБУЛ

5 дена / 2 ноќи / автобус

 

ТЕРМИН: 29 Декември

1 ден 29.12.2018 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 30.12.2018  ИСТАНБУЛ                                                                                                             

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2018 ИСТАНБУЛ

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Дочек на Нова година 2019 на еден од градските плоштади. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2019  СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ                                                                                             

Султански Истанбул + крстарење по Босфор

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.11.2018 : 99 / 6.140 ден 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 109 / 6.760  ден

 

Цената вклучува:

- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Сместување во хотел 3* / 2 НП
- Пратител на програмата

 Цената не вклучува:

- Факултативни Излети
- Панорамско разгледување на градот со автобус 10 евра
- Крстарење по Босфор – 20 евра
- Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра
- Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич –10 евра
- Влезници за музеите
- Топ Капи – 15 евра
- Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра
- Харемот во Топ Капи 10 евра
- Посета на Азија со автобус и водич 15 евра
- Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –40 евра
- Патничко осигурување 155 мкд.
- Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

 НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ