БУДВА – ДУБРОВНИК – КОТОР

БУДВА – ДУБРОВНИК – КОТОР

Термин: 29.12.2018 – 01.01.2019

 

1 ден: 29.12.2018 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања од Прилепво 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 20.00 часот;  Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.                                                                              

 2 ден: 30.12.2018 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана предновогодишна забава пред платото на Стариот град со богата музичка програма. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2018 год. Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.  Враќање во Будва. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2019 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2019 год. Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 85 евра (5.250 денари) за хотелско сместување

65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

 

 

Во цената се пресметани следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на дадената релација ( Поаѓање од Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово )
- Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок
- Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања
- Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување
- Посета на Св.Стефан 
- Полудневен излет до Котор
- Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

- Целодневен излет до Дубровник (10 евра)
- Влезници за посети
- Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ