Будимпешта

Будимпешта (Виена-Сент Андреа)
 5  дена / 2 ноќи / автобус

 

Термин: 29 Декември

1 ден  29.12.2018 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА   

Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   30.12.2018 БУДИМПЕШТА  

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.

3 ден    31.12.2018 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА 

 Појадок. Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  .  Дочек на Нова Година на централниот плоштад.  Враќање во хотел.  Ноќевање

4 ден   01.01.2019 БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА 

 Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во договорено време. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  02.01.2019 СКОПЈЕ 

 Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

                                                                                                   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2018: 129 € / 8.000 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  139 €/ 8.620 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
-  Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Задолжително патничко осигурување 160ден
- Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
- Крстарење по Дунав 15€
- Посета на Сент Андреа  10€
- Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

НАПОМЕНИ:

- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
-  Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
- Важат општите услови за патување на ТА САФАРИ и СКТМ