БЕЛГРАД (НОВИ САД)

БЕЛГРАД (НОВИ САД)

3 дена/ 2 ноќи / автобус

 

1 ден   30.12.2018 (недела)  Штип / Скопје-Белград

Поаѓање за Србија во  00:30 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта, во  02:00 часот од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград  во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел.  Вечерта - можност за факултативна вечера со музика на Скадарлија. Враќање во хотел.  Ноќевање.

2 ден 31.12.2018 ( понеделник)  Белград

Појадок. Посета на шопинг центар Ушче – слободно време за шопинг. По посетата слободно време за индивидуални прошетки и активности  низ најпознатите улици во  Белград -  Кнез Михајлова и Теразије. Враќање во хотел. Вечерта, дочек на Новата 2019 година на плоштад со голема новогодишна забава со учество на познати музички имиња. Ноќевање.

3 ден 01.01.2019 ( вторник )  Белград – Нови Сад -  Скопје / Штип

Појадок.  По појадокот напуштање на хотелот. Слободен ден за прошетка низ Белград или можност за факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад  е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности. Попладне поаѓање за Македонија преку Белград со попатни одмори. Пристигнување во Скопје/ Штип   во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  5.890,00 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз со туристички автобус
- појадок во режија на агенцијата - првиот ден
- 2 ноќевања со појадок во хотел  3*во Белград
- разглед  на Белград со локален туристички водич
- водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

- факултативна вечера на Скадарлија – 20 € ( минимум 35 лица-  пријавување при резервација на аранжманот)
- посета на Нови Сад – 10€( минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот)
- туристичка такса – 200 денари ( задолжителна доплата во агенција )
- патничко осигурување  100 денари (задолжително)
- влезници за културно-историските споменици

 НАПОМЕНИ:

- ТА Сафари  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

Рок на пријавување до 15.12.2018
За реализација на аранжманот се потребени минимум 45 патници за автобус!
Важат општите услови за патување на ТА.САФАРИ и СКТМ